(18+) „Шпагети“ и „прегрнати коали“ пози: Норвешкиот јавен сервис објави експлицитен секс водич со кој предизвика бурни реакции

Точка

24/06/2021

15:02

60.269

Големина на фонт

а а а

Експлицитниот секс водич објавен на норвешкиот јавен сервис предизвика бурни реакции во оваа скандинавска земја.

Јавниот сервис „NRK“ им понудил повеќе од 60 различни пози на гледачите - некои со многу креативни имиња како „шпагети“ и „прегрнати коали“.

Сексуалните пози се наменети за хетеросексуални, но и хомосексуални парови, а водичот содржи и практични совети за лица со одредени физички ограничувања како трудници или луѓе со болки во грбот.


Водичот со совети е составен со помош на мислењата на бабици, сексолози, доктори и физиотерапевти, а истиот е објавен на сајтот на „NRK“ со црно-бели фотографии.

Норвешкиот јавен сервис добил голем број жалби по објавување на водичот, а многумина сметаат дека „NRK“ како јавен сервис кој е лесно достапен до сите граѓани треба да остане неутрален кога станува збор за сексот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг