Милевски прв фаворит за наследник на Ангеловски

Дерби

22/06/2021

13:56

950

Големина на фонт

а а а

Македонската репрезентација го заврши настапот на Европското првенство, голем настан по кој останува без неколку важни имиња кои беа препознатливи за националниот тим во изминатиов период, изминативе години.

Капитенот Горан Пандев одлучи да се повлече, истото важи и за Иван Тричковски и Крсте Велкоски, а приказната заврши и за селекторот Игор Ангеловски. Сето ова значи дека ќе има промени во селекцијата со тоа што најважната дефинитивно ќе биде новиот предводник кој ќе има задача да продолжи по успешниот пат на популарниот Мрме.

Како што во моментот стојат работите 50-годишниот Благоја Милевски е прв фаворит за испразнетото место во А националниот тим. Тренерот на младата репрезентација и воедно творец на генерацијата до 21 година која во 2017 не однесе на ЕП во Полска ги исполнува сите важни услови за да застане на чело на сениорите.

Тој одлично ги познава најголемиот дел од сегашните репрезентативци кои едноставно поминаа низ неговите раце, исто така Боби во минатото во повеќе наврати порача дека не крие дека сака во иднина да биде селектор, желба која дефинитивно може да му се исполни.

Милевски почна да создава нова генерација до 21 година, ама предизвикот да оди чекор повисоко, да биде предводник на најдобрата репрезентација дефинитивно нема да ја пропушти.

Ако се остварат овие најави тогаш се очекува Драган Канатларовски да ги преземе надежите до 21 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг