Де Лихт за добрите партии на Италија: Тие не изгледаат како Италијанци, ама…

Дерби

22/06/2021

13:29

1.637

Големина на фонт

а а а

Италија е една од репрезентациите која остави најголем впечаток на досегашното 16. Европско првенство.

Избраниците на Роберто Манчини немаа никакви проблеми во групната фаза каде резултатски и играчки ги надиграа Турција (3-0), Швајцарија (3-0) и Велс (1-0), па во осминафиналето ќе се соочат со Австрија.

Многумина по ваквите изданија ги гледааат „аѕурите“ како главни фаворити за пехарот, но според Матијс Де Лихт тоа едноставно не може да се каже од проста причина што допрва следат главните предизвици, дуели со топ репрезентации.

- Jа гледав Италија, тие играат многу добро. Тие дури и не изгледаат како Италијанци. Тие напаѓаат, притискаат високо на теренот и убаво е да се гледааат. Сепак исто како нас, тие не играа против врвни екипи како Германија, Португалија или Франција. Тоа е следниот чекор за нив и нас, - рече стоперот на Јувентус кој со својата Холандија лесно ја мина групата Ц во која беше и Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг