Ниту Дајана ниту Кејт: Најскапата венчаница во историјата ја носела – кралицата Летиција, а истата не е класичен фустан од бајките

Точка

22/06/2021

13:18

4.334

Големина на фонт

а а а

Иако сопругата на шпанскиот крал е позната како жена која не троши многу пари и која често ги повторува модните комбинации, сепак за својата венчавка направила исклучок.

Сопругата на шпанскиот крал е позната како жена која не троши многу пари и која често ги повторува модните комбинации, сепак за својата венчавка направила исклучок.


Кога зборуваме за кралските венчавки, вообичаено како прва тема се наметнуваат венчаниците на принцезата Дајана или пак на Кејт Мидлтон.

Сепак, иако венчаниците кои ги носеле овие две Британки се меѓу најпознатите на светот, тие не можат да ѝ парираат на венчаницата која ја носела кралицата Летиција од Шпанија.


Венчаницата на принцезата Дајана била со потпис на Дејвид и Елизабет Емануел и чинела околу 115 илјади долари, венчаницата на Кејт Мидлтон од модната куќа „Александар Меквин“ ја креирала Сара Бартон и чинела околу 434 илјади долари, додека пак венчаницата на кралицата Летиција чинела 6.600.000 долари.


Ова интересно модно парче во кое Летиција се венчала за шпанскиот крал Фелипе VI го дизајнирал Мануел Пертегаз кој тогаш имал 80 години.

Станува збор за венчаница од свила која ја краселе извезени златни и сребрени нитни, а велот бил долг и заоблен, но сепак малку пократок од оној кој го носела славната


Лејди Ди.


Ракавите од венчаницата биле долги, деколтето умерено, а имало и малку ексцентрични украси.



Што мислите вие за оваа венчаница?




Спонзорирани линкови

Маркетинг