Снимка од дрон покажала што останало после торнадото: Предградието на Чикаго опустошено, куќите уништени, ветерот дувал со 225 километри на час

Точка

22/06/2021

09:07

2.758

Големина на фонт

а а а

Торнадото удрило во една густо населена приградска населба во Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 домови, а корнело дрвја и направило проблеми во електро-мрежата, објавиле властите.

Во торнадото кое почнало во неделата пред полноќ повредени биле десетина луѓе. Ветровите дувале со околу 225 километри на час.

Најмалку осум лица биле хоспитализирани во Напервил, место со 147.500 жители, каде во понеделникот било констатирано дека 22 куќи се неупотребливи, а повеќе од 130 се оштетени.

Властите во населбата Вудриџ рекле дека торнадото оштетило најмалку 100 згради, а три лица се во болница, додека штета има и во местото Дариен.

Потсетуваме, во неделата под налет на торнадото во областа на Чикаго околу 34.000 домови останале без струја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг