Видео: Гранде Пандев испиша историја! Овации и од Холанѓаните за официјалното „збогум“ на нашиот капитен

Точка

21/06/2021

19:50

3.912

Големина на фонт

а а а

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, денеска го одигра последниот натпревар во дресот на репрезентацијата.

Селекторот Игор Ангеловски одлучи да го замени Горан Пандев во текот на второто полувреме, а токму во моментот кога Гранде Пандев го напушташе теренот беше поздравен од целиот тим, но и од сите присутни во арената „Јохан Кројф“.


Овации се слушаа и од трибините, но и од теренот, па нашиот капитен беше испратен како што му доликува на еден великан во фудбалот.

Веруваме дека и за него тоа беше еден посебен и специјален момент кој ќе го памети цел свој живот.

Ти благодариме Горан Пандев!

Погледнете го видеото: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг