Од УХМР денеска предупредија на локална појава на нестабилност која ќе биде во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Прогнозите на УХМР речиси се остваруваат низ повеќе градови во земјава.
Невремето пристигна и во Крушево, каде има пороен дожд, проследен со град, силен ветер и грмежи.
Фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека дождот носи сè пред себе, па граѓаните се надеваат дека нема да имаат големи штети во домовите.
Невреме проследено со дожд, грмежи, ветер и град го зафати и Прилеп.
Во Прилеп во овој момент силното невреме е проследено и со град со големина на орев.