Што се случува со исчезнатата принцеза? Нова фотографија ги потресе социјалните мрежи: Латифа наводно снимена во Европа

Точка

21/06/2021

16:26

2.675

Големина на фонт

а а а

Принцезата од Дубаи која предизвикала голема загриженост во меѓународната заедница и Обединетите нации по извештајот дека безуспешно се обидела да побегне од канџите на својот татко кој ја држи затворена, сега повторно привлекува внимание откако на социјалните мрежи се појавил пост во кој се наведува дека е на одмор во Шпанија.

Извесна Сионед Тејлор, која британските медиуми ја идентификувале како поранешна членка на британската морнарица, на Инстаграм објавила фотографија на која е со принцезата Латифа на мадридскиот аеродром Адолфо Суарез.

Под фотографијата има и текст: "Одличен европски одмор со Латифа. Се забавуваме истражувајќи".

На прашањето како е Латифа, Тејлор во еден коментар одговорила дека е одлично, со емоџи од палец кренат нагоре.


Тејлор, амбасадите на ОАЕ во Лондон и Мадрид како и канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи не одговарале на прашањата на "AP". Тејлор во мај објавила две фотографи со принцезата Латифа од два трговски центри во Дубаи.

Фотографиите и натписите дека принцезата е добра се спротивни на обвиненијата на активистите и експертите на ОН дека ќерката на Мухамед бин Рашид ал Мактум е злоставувана, дека е затворена и дека е заложник на својот татко.

Шеикот ги демантирал сите обвиненијата дека ја злоставува Латифа како и нејзината постара сестра Шамса, за која британскиот суд утврдил дека ја киднапирале негови луѓе во Кембриџ во 2000-та година и која од тогаш не е видена.


"Мило ни е што Латифа, како што изгледа, има пасош, може да патува и да ужива во се поголеми слободи", рекол за "Reuters" адвокатот на групите кои се борат за нејзино ослободување, Дејвид Хај.

"Можам да потврдам и дека неколку членови на тимот имале директни контакти со Латифа".

Латифа се обидела да побегне од земјата во 2018-та година, но властите ја спречила во тоа кај индискиот брег. На снимката која "BBC" ја објавил во февруари Латифа раскажала дека нејзиниот татко ја држи затворена во вила која е претворена во затвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг