Вардар има загарантиран билет за ЛШ, дванаесет екипи се борат за уште шест места

Дерби

21/06/2021

15:43

10.369

Големина на фонт

а а а

Екипата на Вардар и во наредната сезона ќе биде дел од главната фаза во Лигата на шампионите.

Со оглед на нашиот ранкинг, ЕХФ го потврди Вардар како еден од десетте сигурни учесници во групната фаза заедно со бундеслигашите Кил и Флензбург, европскиот шампион Барселона, ПСЖ, ППД Загреб, Алборг, ПИК Сегед, полски Кјелце и Порто на нашиот репрезентативец Никола Митревски.

За останатите шест места конкурираат 12 екипи и тоа Веспрем, Мешков Брест, ГОГ, Елверум, Монпелје, Висла Плоцк, Спортинг, Динамо Букурешт, Горење Велење, Кадетен Шафхаузен, Савехов и Мотор Запорожје.

ЕХФ уште еднаш ќе ги разгледа апликациите и по поставените критериуми ќе одлучи кои тимови ќе ја заокружат Лигата на шампините за натпреварувачката 2021/2022.

Финалниот список на клуботи ќе биде објавен на 28 јуни, додека ждрепната за групите ќе биде извршена на 2 јули во Виена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг