По скандалот од светски размери, се разведе и се сврте кон децата и работата: Нејзиното срце сега го освоил познатиот заводник

Точка

21/06/2021

15:59

5.071

Големина на фонт

а а а

Актерот Едриен Броди е во љубовна врска со Џорџина Чaпмен, поранешната сопруга на продуцентот Харви Вајнштајн.

Откако цел свет остана згрозен поради постапките на нејзиниот сопруг, и самата Џорџина се најде на мета на критики, а нејзиното име некое време беше неблагодарно да се споменува во структурите на високото друштво. Но, по разводот оваа модна дизајнерка и претприемачка успеала да продолжи понатаму и повторно да пронајде љубов.


Имено, во текот на почетокот на пандемијата, Џорџина започна врска со оскаровецот Едриен Броди. Иако се во врска веќе повеќе од една година, дури неодамна за првпат се појавија заедно во јавноста и тоа на премиера на филмот „Clean“ кој премиерно се прикажуваше на „Tribeca Film Festival“ во Њујорк.


Соосновачката на модната куќа „Marchesa“ заблескала покрај својот партнер во одлична модна комбинација, а со широката насмевка дала до знаење дека сите неволји ги оставила зад себе.

Џорџина од Вајнштајн официјално се разведе во 2018 година откако во јавноста излегоа обвиненија од низа жени кои овој моќен продуцент ги злоставувал. Беа во брак 10 години и имаат 2 деца. По скандалот поврзан за нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг, Џорџина едвај закрепнала од шокот. Таа посетувала терапија, се обидувала да ја спаси својата успешна работа и да се грижи за децата чиј татко е осуден на долга затворска казна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг