9 ужасни сцени од филмови кои се толку вознемирувачки што луѓето жалат што ги погледнале

Точка

21/06/2021

15:46

4.136

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте погледнале некој филм кој само со една сцена толку многу ве вознемирил што со денови потоа не сте можеле да спиете?

Доколку се пронајдовте во таа приказна, не грижете се - не сте единствени.

Луѓето на интернет за „BuzzFeed“ открија кои сцени од филмови најмногу ги вознемириле, а за истите би сакале никогаш да не ги погледнале.

„Hostel“ (2005), првата сцена со мачење


„Таа прва сцена со мачење особено ме погоди затоа што сум момче кое личи на човекот кој седи на столот“.

„The Green Mile“ (1999), сцената со електричната столица


„Извршување на смртна казна која оди предалеку. Мачно ми е кога размислувам на тоа“.

„Shaun of the Dead“ (2004), сцена на распарчување


„Зомбињата на еден лик го распарчија, сè уште не можам да го погледнам филмот до крај“.

„Mother!“ (2017), сцената со бебето


„Доколку сте го гледале филмот, мислам дека знаете за која сцена зборувам. Доколку не... го убиваат бебето, па го јадат“.

„Dante's Peak“ (1997), сцената со бродот


„Тоа ме шокираше како 13-годишна девојка и сè уште се сеќавам на сцената, десет години подоцна“.

„Pet Sematary“ (1989), сцената со воскреснувањето


„Кога мачката ќе се врати од мртвите. Морав да ја исфрлам сопствената мачка од соба“.

„Saving Private Ryan“ (1998), воведната сцена


„Го гледав филмот кога имав 12 години и чувствував дека ќе повратам. Беше грозно. Сцената во која човекот лежи и се обидува да ги задржи своите црева додека вреска по мајка си“.

„Saw II“ (2005), сцената со шприцовите


„Маж турка жена во еден куп скршени шприцови и таа мора да помине низ нив за да го пронајде клучот. Постојано вреска и плаче, ужасно“

„Looper“ (2012), сцената со исчезнување на делови од телото


„Маж ги губи деловите од телото во сегашноста поради тоа што му се отсечени во минатото. Одвај успеав да ја изгледам сцената, а не го догледав ниту филмот“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг