Трагична животна иронија: Тинејџерка ја подарила својата коса во хуманитарна организација, а потоа...

Точка

21/06/2021

13:42

5.400

Големина на фонт

а а а

Тинејџерка која ја подарила својата коса во хуманитарна организација што им помага на болните од рак, една година подоцна открила дека и самата боледува од оваа болест.

Тинејџерката од Англија одлучила да ја подари својата коса на деца заболени од рак. Косата на Кија била искористена за правење перики за онколошки пациенти.

„Видов снимки и забележав девојчиња кои добиле перики и повторно имаат коса. Убаво е тоа што можев да им ја вратам насмевката на лицето“, рекла Кија за „BBC“.

Една година подоцна, на девојката ѝ дијагностицирале рак.

„Забележав грутка на вратат, а потоа уште една. Кога ми рекоа дека имам рак, отидов во училиште на завршните испити. Беше стресно, но сепак отидов таму“, рекла Кија, на која ѝ е дијагностициран Хоџкинов линфом од 4 стадиум.

Следувала хемотерапија, поради која и самата останала без коса.

„Кога ја миев косата, видов како ми паѓа цела шака коса. Тогаш сфатив дека ја губам косата и дека и мене ми е потребна перика“, рекла таа.

12 месеци откако ја подарила својата коса на организацијата „Мала принцеза“, фондација која на деца болни од рак им обезбедува перики, Кија од Лечестер добила своја перика од истата организација.




Спонзорирани линкови

Маркетинг