Пронајдено телото на човекот поради кој стравувал западот на Европа: Белгискиот Рамбо е пронајден мртов

Точка

21/06/2021

12:46

3.233

Големина на фонт

а а а

Полицијата се уште официјално не го идентификувала телото, но сметаат дека станува збор за Конингс.

Телото на Јирген Конингс, по кого полицијата и војската безуспешно трагале со недели, било пронајдено вчера, пишуваат медиумите.

Потсетуваме, Конингс исчезнал кон крајот на мај, кога пратил заканувачки пораки до политичари.


Полицијата се уште официјално не го идентификувала телото, но сметаат дека станува збор за Конингс.

Како што пишуваат медиумите, телото било распаднато, па постои сомнеж дека Конингс се самоубил уште на почетокот на потрагата.


Телото било пронајдено до велосипедист, кој почувствувал лош мирис додека возел со својот велосипед.

Стотина полицајци и војници и Белгија и други земји пребарувале низ целата земја, барајќи го поранешниот специјалец на белгиската војска кој се криел со тешко вооружување.


Добро обучениот снајперист на белгиската армија, Јирген Конингс, кој војувал во Авганистан, Ирак и Либан. Тој оставил заканувачки пораки за неколку високи службеници на Белгија, а се верува дека во себе имал неколку противтенковски проектили, автоматско оружје и пиштол.

Конингс бил означен како осомничен за тероризам. Се тврди дека бил многу добро обучен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг