Ненадминливи цитати на Антон Чехов кои погодуваат во самата суштина на животот: Овие зборови треба да се читаат секој ден

Точка

19/06/2021

21:06

6.935

Големина на фонт

а а а

Антон Чехов е еден од најзначајните руски писатели. Тој е роден во Таганрог на 29-ти јануари 1860 година, а починал на 15-ти јули 1904 година.

Студирал медицина на Московскиот универзитет и бил лекар, но со пишување се занимавал уште од средношколските денови. Освен по големите дела, ќе остане запаметен и по мудрите мисли кои и денес се читаат.

Овие зборови треба добро да ги запомните:

- Човекот е она во што верува.

- Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби.

- Не можете да барате од калта таа да не биде кал.


- Здравиот човек има илјада желба. Болниот само една.

- Човекот треба да се чувствува како да е над лавовите, тигрите, ѕвездите; дека е над сè во природата, дури и над она што е замисливо и изгледа чудно – во спротивно тој не е човек, туку глушец кој се плаши од сè.

- Ни љубовта, ни пријателството ниту почитта не можат толку да ги зближат луѓето како заедничката омраза.

- Вториот дел од животот на паметниот човек се состои од ослободување од лудоста, предрасудите и погрешните мислења кои ги стекнал во текот на првиот дел од животот.

- И за илјада години човекот исто вака ќе воздивнува: „Ах, тешко е да се живее“ – и со истиот здив исто како и сега ќе се плаши и нема да сака да умре.


- Животот е всушност многу едноставна работа и човекот треба да вложи многу напор за да ја расипе.

- Ако не знаете што чувствувате кон некој човек, затворете ги очите и замислете дека го нема. Никаде. Го нема и нема ни да го има. Тогаш сè ќе ви биде јасно.

- Да чувствувате среќа без престан, дури и во моменти на тага и жалост, треба да знаете да бидете задоволни со сегашноста и да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг