Реплика на Мона Лиза продадена за рекордни 2.9 милиони евра на аукција

Точка

19/06/2021

20:14

3.576

Големина на фонт

а а а

Европски колекционер во петокот на аукција во Париз за 2,9 милиони евра купил копија на Мона Лиза на Да Винчи, од 17 век, што е рекордна сума за реплика на таа слика.

Сликата позната како „Хекингова Мона Лиза“, била именувана по еден колекционер кој купил реплика во 1950-тите и безуспешно тврдел дека е оригинал, а онаа што се чува во музејот Лувр во Париз е всушност една од многуте реплики.

„Ова е неверојатно, репликата на Мона Лиза беше продадена за апсолутна рекордна сума“, рекла портпаролката на аукциската куќа.


На меѓународна аукција од 14 понуди во последен час цената скокнала од 500.000 на 2.4 милиони евра, за последната понуда да достигне 2.9 милиони евра.

Копија од познатата слика Мона Лиза од ренесансниот уметник Леонардо да Винчи од 17 век е продадена на аукција во Париз за 2,9 милиони евра.

Сепак, во 2017-та година, на аукција во куќата Кисти во Њујорк, сликата на Да Винчи „Спасител на светот“ (Салвадор Мунди) била продадена за 450 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг