Раскош вреден 6 милиони долари: Погледнете како изгледа станот кој Ѓоковиќ го продаде во Мајами

Точка

19/06/2021

17:00

10.385

Големина на фонт

а а а

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, го продаде својот стан во Мајами за неверојатни 6 милиони долари.

Станува збор за луксузен стан од 225 квадратни метри кој поседува 3 спални соби и 3 купатила.

Раскошниот апартман со високи плафони го красат и пространи тераси како и приватна градина и заеднички бар, спа центар, библиотека и голем базен.


Комплетната внатрешност е опремена со најмодерен мебел, а целиот ентериер е уреден во минималистички стил во кој претежно доминира белата боја, со сиви и црни детали и неколку парчиња во боја на дрво.

Сигурни сме дека новиот сопственик ќе ужива во новиот раскошен стан во кој досега повремено уживаат Новак, Јелена, Стефан и Тара, со оглед на фактот што претежно го поминуваат своето време во семејното „гнездо“ во Монако.





Спонзорирани линкови

Маркетинг