Поради болната ќерка се борела како лавица: Славната актерка доживеала најубава љубовна приказна, но и најтежок развод

Точка

19/06/2021

11:00

7.016

Големина на фонт

а а а

На почетокот на својата кариера Дениз Ричардс важела за една од најубавите и најатрактивни актерки во Холивуд, а нејзиното убаво лице своевремено го маѓепсало и актерот Чарли Шин со кој запловила во брачните води.

Парот бил во брак од 2001 година до 2006 година кога Дениз ги предала документите за развод.

Своевремено светот зборувал за тоа каков пекол таа поминала со Шин, но исто така и психо-физичка тортура.


Во текот на тој бурен период, Дениз го нарекувала Шин „педофил“, како и „невработена и неталентирана свиња“, а го обвинувала и за бројни предавства, алкохолизам и коцкање.

Инаку, парот заедно има две ќерки, 17-годишната Сами и 15-годишната Лола, додека Дениз по разводот во 2011 година посвоила уште една ќерка, Елоиз.

Токму поради децата тие се смириле, во 2012 година, па денес се релативно во добри односи, а сексапилната актерка во биографијата напишала дека „имале прекрасна љубов, но и еден од најлошите разводи“.


Дениз по овој крах сепак ја нашла среќата во 2018 година кај актерот Арон Фајперс кој ѝ е огромна поддршка и помош во одгледување на ќерките.

Актерката со години се бори на нејзините деца да не им фали ништо, со оглед на тоа што Шин неодамна се активирал како родител.

Дениз имала и проблем со растењето на најмладата Елоиз со оглед на тоа што ѝ било дијагностицирано нарушување, недостаток на хромозомот 8.


„Поради нарушувањето на хромозомот исклучително споро се развиваше. Долго не беше во состојба да седи сама, а почна да оди на две години и тоа со помош на физикална терапија. Само неколку зборови може да изговори, а понекогаш делува како и секое друго седумгодишно дете, но некогаш во ментална смисла е како дете од три години. Тешко е, секој ден учам нешто ново“, изјавила Дениз. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг