Додик: Одлуката на Парламентот на Црна Гора за Сребреница е непријателски чин

Макфакс

18/06/2021

13:56

1.994

Големина на фонт

а а а

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека одлуката на Парламентот на Црна Гора за резолуцијата за Сребренаница е непријателски чин.

Според него, несфатливо е црногорскиот парламент да донесе резолуција за Сребреница без таа да биде изгласана во БиХ.

„Ако Собранието на БиХ не донело сличен документ, тогаш се поставува прашањето зошто тоа го стори Црна Гора, и прашањето е дали станува збор за акт на мешање во внатрешните работи. Ако политиката на БиХ не можела да постигне консензус за тоа прашање, како е можно тие да имаат право да зборуваат за тоа“, рече Додик.

Парламентот на Црна Гора не докажа ништо во врска со Сребреница, додаде тој, но докажа дека е против Србите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг