Мечка дивеела по улиците на јапонскиот град: Повредила четири лица, граѓаните преплашени

Точка

18/06/2021

12:20

1.968

Големина на фонт

а а а

Ловците ја убиле кафената мечка во северниот град на Јапонија Сапоро, откако дивеела низ градот, нанела повреди на неколку луѓе, вклучувајќи и еден војник.

Властите во Сапоро на Твитер објавиле дека мечката е "отстранета", а локалната телевизија рекла дека ловците ја убиле.

Претходно на вести била прикажана мечката како се движи по улиците, каде има станбени згради, како минува на раздвижена улица и како се појавува на вратите на воената касарна.

Еден војник бил повреден кога мечката го удрила со канџите.

Друга жртва била повредена откако мечката ја нападнала од зад грб, а лицето било одведено на носилка.

Поради дивеењето на мечката затворени биле локалните училишта и откажани биле неколку летови на малиот регионален аеродром, јавуваат медиумите.

Портпаролот на владата, Касунобу Като, им рекол на жителите на регионот Хокаидо да бидат внимателни.

"Четири лица, вклучувајќи еден војник, се нападнати и повредени од страна на кафена мечка", рекол тој рано утрово.

"Властите во градот Сапоро, полицијата во Хокаидо, како и локалното ловечко здружение дошле на самото место. Тие координираат во намерата да ја фатат или да ја убијат мечката, ако се смета дека е тоа потребно", додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг