Возач на трамвај е херој на денот: Го запрел возилото за да спаси желка од шините, а безбедносните камери го снимиле прекрасниот момент!

Точка

18/06/2021

12:01

4.743

Големина на фонт

а а а

Серхат Топал, возач на трамвај од Коџаели, Турција, имал сосема нормален работен ден, барем накратко.

Денот станал невообичаен кога забележал нешто мало на шините - не на оние по кои возел тој, но желката била загрозена поради трамвајот што може да дојде од другиот правец во секој момент.

Затоа, Серхат не размислувал многу - го запрел трамвајот, излегол од него и тргнал кон желката. Била заглавена и не можела да помине низ оградата, која ја одделува пругата од паркот.

Ја земал и на момент помислил што да прави. Не можел да ја прескокне оградата, бидејќи имала шила, а јасно е дека не можел само да ја остави. Заклучил дека најдобро е да ја остави од другата страна на оградата.

Ја спуштил и ја насочил кон зелената површина и сфатила што треба да прави, па се упатила натаму.

Топал им кажал на патниците што направил и која е причината поради која го запрел трамвајот, а тие биле среќни поради тоа. Неговиот чин го снимила и безбедносната камера, а постапката на возачот го воодушеви светот.

„Сите живи суштества се наши пријатели и треба да им пристапиме со љубов. Секој треба ова да го смета за своја должност. Едноставно ја извршив својата должност“, рекол тој за „Додо“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг