Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Макфакс

18/06/2021

11:49

2.024

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во Сребреница геноцид, објави „Б92“.

Парламентот на Црна Гора синоќа усвои резолуција за Сребреница со мнозинство гласови, на предлог на опозициската Бошњачка партија.

Милан Кнежевиќ од Демократскиот фронт утрово во интервју за „ТВ Прва“ изјави дека никој од граѓаните кои гласале за промени во Црна Гора и против Мило Ѓукановиќ не може да помисли дека парламентарното мнозинство ќе ги прогласи Србија и српскиот народ за геноцидни.

„Чувствувам одредена доза на срам иако гласав против таа резолуција. Сакам да се извинам на цела Србија и на српскиот народ за она што се случи во парламентот, бидејќи тоа не е мнозинството на Црна Гора“, рече Кнежевиќ.

Тој стакна дека пред гласањето, на премиерот Здравко Кривокапиќ му било кажано дека ако се изгласаат резолуцијата за Сребреница и смената на министерот Лепосавиќ, тој повеќе нема да има поддршка од ДФ и повеќе нема да го смета за премиер.

Пратениците на ДФ вчера го напуштија Парламентот, а Кнежевиќ им рече на своите коалициски партнери дека ако се откажат од склучување договор со ДПС и покажат подготвеност да се вратат на начелата на изборната програма, постои можност за обновување на односите.

Лидерот на ДФ се надева дека ќе има можност да разговара со лидерите на парламентарното мнозинство, пред официјалното барање за смена на Кривокапиќ. Кнежевиќ вели дека ставот на неговата партија е дека Кривокапиќ сигурно не може да остане на функцијата премиер, бидејќи по вчерашното гласање, го изгубил легитимитетот.

Кнежевиќ, исто така, нагласи дека е ставен под знак прашалник и легитимитетот на претседателот на собранието, Алекса Бечиќ, бидејќи неговата партија, заедно со ДПС, гласале за резолуцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг