Здрави, а превкусни: Мафините со јагоди се најубав десерт за целото семејство

Точка

17/06/2021

14:05

8.843

Големина на фонт

а а а

Летото е веќе во воздухот, а кога времето станува топло размислуваме за долги прошетки и излети.

Самата помисла на излет нè асоцира на јагоди во корпа и вкусни закуски во кои уживаме додека ги впиваме сончевите зраци.

Доколку сакате здрави десерти, мафините од овесни снегулки и јагоди се десерт кој не смеете да го пропуштите. Сочни, здрави и богати со протеини – ова е доволно уште денеска да го испробате овој рецепт.

Потребни состојки:

- ½ шолја млеко по избор
- ½ шолја овесни снегулки
- 1 шолја јагоди (исечкани на кришки)
- ¼ шолја путер на собна температура
- 10 лажички шеќер + 2 лажички
- 1 големо јајце
- ½ лажичка екстракт од ванила
- ¾ шолји брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- ¼ лажичка сол


Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Овесните снегулки прелијте ги со млеко и оставете ги да омекнат. Во исечканите јагоди додајте две лажички шеќер и оставете ги настрана.

Изматете го путерот и шеќерот заедно, а потоа измешајте го јајцето, екстрактот од ванила и мешавината од овесните снегулки и млекото. Во кремастата смеса додајте го брашното, прашокот за пециво и солта и мешајте додека сите состојки не се соединат.

Префрлете ја смесата во калап за мафини и печете додека не добијат златножолта боја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг