Момче ѝ поставило услови на девојката додека трае Евро 2020: „Ќе доаѓам пијан дома, нема пораки...“

Точка

17/06/2021

13:37

5.488

Големина на фонт

а а а

Знаеме дека на многу мажи фудбалот им е важен, особено кога трае Светското или Европското првенство како сега, но едно момче одлучило во наредните месец дена строго да им се посвети на натпреварите и не сака никој да му смета – поточно неговата девојка.

Џоел составил договор за својата девојка Џорџија со услови на однесување во период од 11-ти јуни до 11-ти јули оваа година, а таа го објавила договорот на ТикТок.

Навел дека не би требала да очекува убави пораки од него цел месец, особено не додека трае некој натпревар. Поголемиот дел од времето, како што вели тој, ќе го помине во паб, а на неа не ѝ е дозволено да го прашува кога ќе си дојде дома ниту да му испраќа пораки – освен ако не се работи за нешто итно, тогаш смее да му се јави на полувреме или по натпреварот.

„Моето лошо расположение поради резултатите од натпреварите не би требало лично да го сфаќаш“, се правда Џоел и предупредува дека многу е веројатно дека дома ќе се враќа пијан.

На крајот од договорот напишал дека не смее да заборави колку ја сака, а Џорџија вели дека договорот ја насмеал и дека го сфаќа како шега, пренесува „The Sun“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг