Топ 5 филмови кои ја прикажуваат играта на судбината – одмори кои за секунда се претвориле во најголем кошмар

Точка

17/06/2021

12:19

6.963

Големина на фонт

а а а

Добро размислете пред да тргнете на одмор, зошто понекогаш тенка е линијата меѓу опуштањето и спокојот и кошмарот...

Заедно да се потсетиме на некои од најживописните или најквалитетни филмови кои ја прикажуваат играта на судбината.

1. „The Beach“

Овој филм на Дени Бојл, настанат по романот на Алекс Гарланд, младите авантуристи ги носи во рајските тропски краеви каде животот секако дека има повеќе смисла, а каде набрзо ќе го спознаат ужасот и еко-комунизмот.

2. „The Shallows“

Во морињата секогаш има и некои морски животни кои знаат да бидат крволочни. На тоа укажува и овој одличен минималистички хорор со Блејк Лајвли во главната улога.

3. „47 Meters Down: Uncaged“

Две сестри заминуваат во сончевиот Мексико на годишен одмор кој се претвора во кошмар и тоа под морето. Една од туристичките атракции е и гледањето на опасните морски кучиња од голем кафез. Тие воодушевени тргнуваат во авантурата и се спуштаат длабоко под морската површина, но нешто тргнува наопаку...

4. „Open Water“

Овој филм е базиран според вистинска приказна. Парот од Мексико тргнува на нуркање и завршува на отворено море опкружен со ајкули.

5. „Jaws“

Култниот филм кој го прослави тогаш непознатиот режисер Стивен Спилберг е летен хит и денес по 40 години од првото прикажување. Доколку не сте го гледале досега, ова лето е идеалната можност за тоа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг