Поради сопругот ја променила верата, па поминала низ вистински пекол: Еве што ѝ направиле неговите родители

Точка

16/06/2021

22:10

11.582

Големина на фонт

а а а

Карли Клос (29) е една од најуспешните манекенки на денешницата. На само 17 години првпат ја красела насловната страница на „Вог“, за потоа да стане ѕвезда на овој магазин уште 39 пати.

Била дел од ангелите на Викторија Сикрет, но се откажала за да му се посвети на студирањето. Карли вели дека на 21 година се заситила од сè. Била ветеран во својата работа и не чувствувала никакви предизвици во светот на модата.

„Отсекогаш ме привлекуваше светот на технологијата, но не го разбирав и тоа ме фрустрираше“, рекла во една прилика. Тогаш одлучила да се запише на курс за кодирање, за да стекне искуство.

Карли основала камп „Kode with Klossy“, преку кој им дава стипендии на млади девојки кои се заинтересирани за информатика, инженерство и математика.

Покрај нејзиниот интересен и необичен деловен живот, Карли има уште повозбудлив љубовен живот. Пред 3 години убавата манекенка се венчала за Џошуа Кушнер, братот на Џеред Кушнер (сопруг на Иванка Трамп), кој е зет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.

Парот се венчал во октомври, 2018-та година, а манекенката поради сопругот ја променила верата и станала Еврејка.

„Го следев моето срце и се венчав за мажот кој го сакам и покрај сите компликации кои дојдоа“, истакнала Карли во една прилика.

Имено, семејството на Џошуа смета дек Карли не е доволно добра за него, па ја запознале дури откако 6 години веќе се забавувале.

На неговото семејство најмногу му пречело тоа што Карли не е од нивната вера. За неа со години кажувале лоши работи, а не се труделе мислењето да го задржат за себе.

Дури и кога ја променила верата, ниту тоа не им било доволно. Иако одлучиле да ја запознаат, се зборува дека и понатаму не се во добри односи, а како што наведуваат извори блиски до парот, тие никогаш нема ни да ги подобрат односите.

Меѓутоа, Карли е сигурна во својата љубов и никогаш не помислила да го напушти сопругот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг