„Мамо, престани те молам!“ Малите принцови и принцези воопшто не го поднесуваат ова, а Кејт Мидлтон не се откажува

Точка

16/06/2021

18:33

6.456

Големина на фонт

а а а

Кога ќе ги заврши сите кралски обврски и ќе ја затвори вратата на Кенсингтонската палата, војвотката од Кембриџ е една обична мајка.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се родители на три деца - принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј. Малите принцови и принцези воглавно можеме да ги гледаме на официјалните кралски портрети, а интересно е тоа што, иако на располагање им стојат најдобрите дворски, и воопшто, светски фотографи, овие деца воглавно ги фотографира нивната мајка.


Таа е прв член на кралското семејство кој ги потпишува овие портрети, а сè започнало со официјалната фотографија на принцезата Шарлот во 2015-та година.

Имено, нејзината страст кон оваа уметност датира уште од студентските денови, кога на Универзитетот „Сент Ендруз“ специјализирала токму за фотографија. Сепак, ако го прашате нејзиното семејство, некогаш знаела и да го остави фото-апаратот.


„Сите постојано ми велат: 'Мамо, те молам, престани да нè фотографираш'“, се пожалила Кејт во разговор со фотографрката Сери Едвардс, која е аматерка, пред неколку денови. Тоа без сомнеж им е познато на сите мајки кои не можат да одолеат и се обидуваат да го забележат буквално секој потег на своите деца.

Најновиот портрет за кој се зборуваше е сцената на кралицата Елизабета втора и покојниот принц Филип, опкружени со нивните правнуци.


Сепак, Мидлтон најмногу и најчесто сака да ги фотографира своите деца, а нивните заносни портрети истиот момент стануваат главна вест во сите медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг