Компанијата „Blue Origin“ на аукција продала карта за патување во вселената за неверојатни 28 милиони долари.
Почетната цена за картите за во ракетата „New Shepard“, односно капсулата, изнесувала 4,8 милиони долари, но на крајот достигнала вредност од 28 милиони долари, и тоа за само 10-на минути.
Лансирањето е закажано за 20 јули и тоа ќе биде првата „Blue Origin“ мисија во која во вселената ќе патуваат луѓе.
Победникот на аукцијата во период од неколку минути ќе ја искуси микрогравитацијата, заедно со основачот на „Blue Origin“ - Џеф Безос, неговиот брат Марк и уште еден патник.
Идентитетот на победникот во аукцијата ќе се дознае во наредниот период.
Ракетата „New Shepard“ е дизајнирана да ја однесе капсулата на работ од вселената, а капсулата нуди доволно простор за шест патници.
Во текот на 10-минутното патување патниците во период од три минути ќе ја искусат микрогравитацијата.
Безос на овој начин ќе го оствари својот сон.
Инаку, цената од 28 милиони долари за карта во вселената е речиси двојно помала во однос на цената за карта за капсулата на „SpaceX“ - „Crew Dragon“.