Се очекува третата генерација на моделот „Duster“ да биде значително поинаква од претходните две.
Со лансирањето на новата генерација на фамилијата „Sandero/Logan“, „Dacia“ направи голем исчекор кога станува збор за модернизацијата на овие модели, а истата судбина ја чека и „Duster“.
Романскиот автомобил имаше скромни почетоци, па некое време беше етикетиран како нискобуџетен теренец, но веќе втората генерација донесе унапредувања и раст на цените.
Во подготовка е и наследник за кој се верува дека со дизајнот и квалитетот на внатрешноста ќе ги засени своите претходници.
Францускиот „L’argus“ се потруди врз основа на достапните информации, но и гласини да подготви визуализација на „Duster 3“.
Новиот „Duster“ е базиран на издолжена механичка платформа „CMF-B“ која е веќе користена во новиот „Sandero“. Благодарение на тоа, познато е дека новиот „Duster“ ќе има и plug-in хибридна верзија.
Сè укажува на тоа дека во новата генерација нема да видиме дизел мотори, додека погонот на сите 4 тркала ќе биде достапен како опција.
Новата генерација носи и промени во дизајнот, но и ново лого на брендот „Dacia“.