Поразителни статистики: Жените сè порано се одлучуваат на естетски зафати

Fashionel.mk

15/06/2021

20:19

3.107

Големина на фонт

а а а

Естетските хирурзи ширум Америка велат дека забележуваат зголемен интерес за естетски зафати и третмани од жени во 20-тите години. Докторите сметаат дека овие нови статистики и тренд е последица на она што секојдневно го гледаме на социјалните мрежи и во онлајн комуникацијата.

-Ботоксот, односно неуротоксините, минатата година се користеле во нешто повеќе од 400.000 зафати и тоа кај жени на возрасна граница од 21 до 35 години, што е голем скок во однос на годината пред тоа - вели Херфул Лунд, пластичен хирург од Сент Луис за магазинот „Inquirer“.

Тој додава дека луѓето последната година и пол постојатно користат „Зум“ и други апликации каде не се задоволни од тоа како изгледаат и им се јавува потреба да го „поправат“ лицето.


Статистиките од пред неколку години покажуваат дека жените дури кон крајот на 30-тите и во 40-тите се одлучуваат на естетски зафати, а сега тоа е поместено за речиси цела деценија.

-Во однос на претходните години, забележав пораст на естетските корекции и зафати од 25% и тоа сè од помлади лица, во нивните 20-ти - потврди Назанин Саеди, естетичар од Филаделфија.

Докторите сметаат дека на овие нови, па би рекле и поразителни статистики, влијаат и филтрите кои се користат на социјалните мрежи, како и апликациите за „измазнување“ на лицето. Воедно, и лицата на повозрасните познати ѕвезди што ги гледаме секојдневно се мошне затегнати, па автоматски се буди чувство на “несовршеност“, кое пак буди незадоволство и на крај резултира со рано заминување на естетски зафат.


-Резултатите на истражувањата покажуваат дека раната употреба на ботокс може да делува како превентивна мерка за забавување или одложување на некои од првите знаци на стареењето, вклучувајќи ги и брчките од муртење или оние на челото - посочува Лунд.

Воедно, уште една од мошне важните елементи во целата приказна е и маркетингот, кој очигледно го смени фокусот, па сè повеќе нови реклами од оваа област се наменети токму за младата публика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг