Озил испрати неочекувана порака пред првиот меч на Германија на ЕП и издвои едно име од Франција

Дерби

15/06/2021

17:33

1.983

Големина на фонт

а а а

Петтиот натпреварувачки ден на Европското првенство ни го носи најголемото дерби досега, бидејќи оваа вечер на „Алијанц арената“ во Минхен, силите ќе ги одмерата последните два светски шампиони.

Германија во улога на коорганизатор на континенталниот турнир ќе биде домаќин против Франција која се издвојува како супер фаворит за освојување на Европското првенство, па во најавата за мечот, пристигна една порака која дефинитивно никој не ја очекуваше.

Месут Озил на доста лош начин и во средина на скандал се раздели од фудбалската селекција на Германија и замина во репрезентативна пензија, но без разлика на се, сега одлучи да им посака среќа на своите поранешни соиграчи пред стартот на натпреварувачки ден во „групата на смртта“.

Интересно, во својата порака Озил не пропушти да ја нагласи и најголемата опасност кај Французините, односно го нагласи враќањето на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Карим Бензема.

– Момци ви посакувам среќа вечерва, се најдобро на првиот натпревар на Европското првенство против Франција. Групата е брутално тешка, но се е можно со успешен почетокот. Внимавајте на Бензема, – порача Озил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг