Никол Шерцингер важи за една од најзгодните жени на светот, па не е ниту чудно што ужива во покажувањето на своето тело.
Често на Инстаграм таа објавува фотографии на кои позира во бикини, а и овојпат ги распаметила своите следбеници со провокативните пози.
Убавата 42-годишна убавица моментално е на одмор, а ја посетила плажата во Португалија која е со песочни дини, па ја искористила атрактивноста на ова убаво место и направила неколку сексапилни фотографии.
Никол позирала полна со самодоверба во едноставно бело бикини кое ги истакнало нејзините атрибути, а само еден поглед бил доволен за да воочите дека навистина има со што да се гордее.
Витки и затегнати нозе, рамен стомак, бујни гради - сè е на свое место, па разбирливо е зошто е една од најзгодните ѕвезди денес.
„Ме остави без зборови“, „Жено, ти си прекрасна“, „Олицетворение на божица“, „Супержена“, „Ти буквално си совршена“, „О, боже, каква жена“, се само дел од коментарите напишани под нејзината објава.
Инаку, Никол своевремено признала дека долго време имала проблеми со самодовербата и нарушување во исхраната, но сè се сменило пред неколку години кога одлучила да се посвети на здравата исхрана и редовните тренинзи.
„Само треба да сте среќни самите со себе и потоа сè е полесно. Долго ми требаше да се прифатам себеси и своето тело. Кога го најдов мирот во себе не ми беше проблем да вежбам и да јадам тоа што е добро за мене.
Ние самите си сме најголемите непријатели. Не се важни килограмите, важно е да сте си пријател сам на себе поради тоа што доколку се сакате себеси, тогаш сè ќе ви биде полесно“, изјавила Шерцингер.