Поефикасен од ПЦР тест: Произведен детектор за Ковид-19, за 15 минути испраќа резултати на телефон или компјутер

Точка

15/06/2021

21:03

6.782

Големина на фонт

а а а

Што кога би постоел ненаметлив начин да се открие дали некој кој се наоѓа во иста просторија со вас е заразен со коронавирус?

Британски научници соопштија дека развиле ковид-детектор кој се поставува на плафон и кој за само 15 минути може да открие дали некој е заразен.

„Sunday Times“ пренесува дека овој многу прецизен уред, малку поголем од детектор за чад, би можел да послужи за скенирање во авионски кабини, училници, домови за стари лица и канцеларии.


Раните студии на научниците од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и Универзитетот Дарам покажале дека точноста на уредот е од 98 до 100 отсто, што го прави подеднакво ефикасен како и лабораториските ПЦР тестови за Ковид-19 и значително попрецизен од брзите тестови за коронавирус.

Истражувачите сепак нагласуваат дека нивните резултати се во рана фаза и дека ваквиот изум треба допрва да го оценат нивните колеги научници.

Детекторот развиен од страна на компанијата „Roboscientific“ функционира така што ги детектира хемикалиите кои ги произведува кожата или кои се присутни во здивот на заразените лица со Ковид-19.

Овие „испарливи органски соединенија“ создаваат мирис кој е премногу суптилен за да го почувствува човечкиот нос. Студијата која ја спровел тимот за истражување на ковид-детекторот покажала дека мирисот може да го почувствуваат и кучиња, но детекторот е поточен и попрактичен.


„Sunday Times“ пишува дека уредот може да открие заразени лица кои допрва треба да развијат симптоми, што го прави поефикасен од ПЦР тестовите кои не се погодни за асимптоматските носители на вирусот.

Потребни се 15 до 30 минути за детекторот да собере примероци од воздухот во голема просторија и веднаш да ги испрати резултатите на мобилен телефон или компјутер.

Моменталната цена на детекторот е околу 5.000 фунти по парче, пишува весникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг