На почетокот луѓето се обидуваа да разберат што всушност се криптовалутите.
Потоа се обидуваа да сфатат што можат да прават со нив, а потоа некој успеал да ги употреби на најдобар можен начин.
Анонимниот купувач купил пентхаус во Мајами Бич вреден 22,5 милиони долари со помош на криптовалути.
Многу лесно тоа може да се прогласи за најскапа продажба на недвижнина, направена со помош на криптовалути.
Поседот за кој станува збор е стан од 500 метри квадрати сместен во Мајами Бич.
Пентхаусот е сместен на деветтиот кат од градбата која вкупно има 12 ката, а се состои од четири спални соби и четири бањи, а исто така има и величествена тераса од речиси 300 квадрати со поглед кон океан.
Агенцијата „Arte Surfside“ го продала домот, a купувачот е анонимен.
„Криптовалутите се иднината на богатството, а веруваме дека ова е нов почеток. „Arte“ создаде преседан за оваа продажба, па имавме можност да видиме како изгледаат и колку брзо може да се направи тоа. Горди сме што ги поставивме темелите за овој нов свет“, изјавил Џовани Фашано.
По цена од 22,5 милиони долари во криптовалути, купувачот добил нов дом кој има отворен и затворен базен, тениски терен, теретана, јога студио, сауна...