(Видео) Пред нејзиниот поранешен сопруг, децата и целиот свет: Џеј Ло и Бен Афлек снимени како страсно се бакнуваат

Точка

15/06/2021

11:55

7.416

Големина на фонт

а а а

Два месеци откако латино дивата и некогашниот спортист Алекс Родригез соопштија дека ставаат крај на својата врска, Џенифер Лопез изгледа посреќно од кога и да е во прегратките на својата поранешна љубов.

На почетокот на месец мај протече информацијата дека Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно се заедно, дури 17 години по раскинувањето.

Папарацо фотографите од порталот „Page Six“ успеале да го снимат популарниот пар како разменува нежности во Лос Анџелес, каде Џеј Ло и Бен уживале во вечерата со семејството.

Поводот за вечерата била интимната прослава на 50-от роденден на сестрата на пејачката, Линда, а на вечерата присуствувале и децата на Џенифер - Макс и Ема, како и нејзиниот поранешен сопруг, пејачот Марк Ентони.

Порталот пишува дека холивудскиот актер и латино ѕвездата се бакнувале и смешкале цела вечер, а Џенифер не ги тргала рацете од Афлек, постојано го прегрнувала, галела и допирала.

Воедно, биле снимени и како се гледаат заљубено, баш како пред речиси две децении.

Инаку, парот првпат по раскинувањето од 2004 година бил виден во месец мај откако бејзбол играчот Алекс Родригез и Џенифер соопштиле дека официјално раскинале.

Инаку, Афлек поради латино дивата повторно почнал да оди во теретана, а очевидци тврдат дека тоа го прават заедно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг