Културно-уметнички центар кој ќе ве освои: Градот во кој кафето чини 60, а пивото 80 центи и може да ручате за 2,5 евра

Точка

14/06/2021

12:05

10.691

Големина на фонт

а а а

Лавов или Лвив е град во западна Украина во близина на границата со Полска, во кој може да се опуштите малку повеќе отколку во другите популарни туристички дестинации, наведуваат туристичките водичи.

Поволните цени се карактеристични за овој град - пивото може да го добиете за само 80 центи, кафето за 60, а во поевтините ресторани може да се најадете и за само 2,5 евра.

Лавов е градот на чоколадото, кафето и пивото...


Инаку, градот лежи на реката Полтва и го зазема првото место во Украина по бројот на сочувани културно-историски споменици, а неговиот центар на градот од 1998 година е заштитен од УНЕСКО.

Популарен е неговиот плоштад и воедно е еден од најубавите во Европа, со 44 куќички и згради во различни стилови од ренесанса до модернизам.

На плоштадот има четири фонтани, скулптури кои претставуваат митолошки суштества.


Голем број од спомениците кои доминираат во центарот на градот датираат од 16-ти и 17-ти век, а архитектонското и културно богатство го дополнуваат и различните цркви кои сведочат за времето кога Лавов бил важна точка на трговските патишта.

Во градот има девет театри и 60 музеи, па поради тоа е голем културен центар.


Што се однесува до кујната, не треба да ги пропуштите украинските специјалитети.

Најпознато јадење се „вареники“, односно кнедли од тесто без квасец полнети со пире од компири, кисела зелка, сирење, јајца или пак понекогаш со овошје. Исто така таму се превкусни и палачинките од компири или пак лебот полнет со сирење и јајца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг