Новинарот кој го откри тајниот состанок на Клинтон, пронајден мртов: Го фатил поранешниот претседател на дело, па добивал закани со смрт

Точка

14/06/2021

21:38

13.128

Големина на фонт

а а а

Новинарот Кристофер Сајн (45), кој ја открил приказната за тајната средба во 2016-та година, помеѓу Бил Клинтон и тогашната државна обвинителка, Лорета Линч, пронајден е мртов во својот стан.

Неговото тело било пронајдено во неговиот стан во Бирмингем, Алабама, во саботата наутро околу 8 часот. Неговата смрт се истражува како самоубиство. Позади себе ги оставил сопругата Лаура и трите синови.

„Ги споделуваме најдлабоките сочувства со семејството и блиските пријатели на Кристофер. Изгубивме почитуван колега, чиј неизбришлив отпечаток засекогаш ќе служи како знак на пристојност, искреност и новинарски интегритет. Можеме само да се надеваме дека ќе го продолжиме неговото наследство“, изјавил Ерик Ленд, претседател и генерален директор на телевизиската компанија „ABC“, за која Сајн долго работел.

Сајн се најде во центарот на вниманието на јавноста кога откри дека Бил Клинтон се состанал со тогашната јавна обвинителка Лорета Линч на меѓународниот аеродром „Феникс“, во јуни, 2016-та година, во исто време кога ФБИ ја истражуваше Хилари Клинтон за користење на приватен софтвер за е-пошта за службени цели, додека била државна секретарка.


Лорета Линч инсистирала на тоа дека со Клинтон не разговарала за какви било прашања од истрагата.

Инаку, истрагата требало да утврди дали Хилари Клинтон користела приватна е-пошта за да прима доверливи информации, наместо заштитена службена е-пошта. Се сомнева дека тоа била една од причините поради кои загубила на претседателските избори од републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Сајн после овие случувања доживеа голема популарност која му овозможи да објави и книга, но исто така примал и голем број закани со смрт.

„Му се закануваа на моето семејство. Кредитните картички се блокирани“, рекол Сајн неодамна.

Кристофер напишал книга под називот „The Secret on the Tarmac“, за аферите на Клинтонови.

Сајн ги отфрлил тврдењата на Лорета Линч дека случајно се сретнала со Клинтон и тврдел дека тоа било испланирана средба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг