Лукаку немаше милост и ги казни грешките на Русија, Белгија отвори со сигурна победа

Дерби

12/06/2021

23:42

1.329

Големина на фонт

а а а

Ромелу Лукаку го отвори Европското првенство во формата во која ја заврши сезоната во Серија А, бидејќи со два гола и пресуди на Русија на денешниот последен меч од вториот натпреварувачки ден на континенталниот турнир.

Корпулентниот напаѓач често беше незадржлив за руските фудбалери и им создаваше многу проблеми, а токму тој беше играчот кој го отвори и го затвори резултатот.

Напаѓачот на Интер погоди за 1:0 по една грешка во потесната одбрана на Русија и голот му го посвети на Кристијан Ериксен кој ги мина најтешките моменти во својот живот, но овој погодок наместо да ги стабилизира Русите, тие одиграа уште поконфузно во продолжение.

Избраниците на Роберто Мартинез беа максимално дисциплинирани и ги користе сите грешки на домашните фудбалери, кои после нов кикс му дозволија на Мение да погоди за 2:0 во 34-та минута.

Водството од 2:0 по 45 минути игра беше добар предуслов за фаворитот да отвори за победа на Европското првенство, а потврда за триумфот стигна во самата завршница кога Лукаку ги постави конечните 3:0.



Спонзорирани линкови

Маркетинг