Репрезентациите на Данска и Финска на драматичен начин беа актери на почетокот на натпреварувањето во групата „Б“ на Европското првенство во фудбал, бидејќи нивниот натпревар беше прекинат со страшна сцена во 42-та минута.
Со апелите на сите на теренот, членовите на медицинскиот тим на данската репрезентација брзо пристигнаа.
Двајцата доктори кои први притрчаа до Кристијан Ериксен успеаја да го реанимираат фудбалерот после неколкуминутно интубирање и му го спасија животот.
Тие, користејќи дефибрилатор, а подоцна и шише со кислород, му помогнаа на Ериксен да ги мине најкритичните моменти, а потоа тој беше испратен во болница.
Симон Кјаер покажа како треба да реагира еден лидер и капитен во најлоши можни услови, бидејќи тој беше играчот кој веднаш тргна да му помогне на Ериксен, а воедно спречи да го голтне јазикот и го стави соиграчот во најсигурна положба на тревникот пред да добие прва помош од медицинските лица.
Капитенот на Данците, Симон Кјаер, не запрел тука. Кога ја видел Сабрина, сопругата на Ериксен, која била запрена од обезбедувањето во намера да истрча од трибините на теренот до нејзиниот сопруг, тој ѝ пришол и заедно со голманот Каспер Шмајхел ја уверил дека сè ќе биде во ред.
Се чини, токму тоа се случило – имајќи ја предвид последната информација дека „десетката“ на Данска сега се чувствува добро во болницата.