Пандев: Знаеме што се случува во Македонија, тоа е дополнителен предизвик за нас!

Дерби

12/06/2021

22:00

3.342

Големина на фонт

а а а

Горан Пандев како капитен на македонската фудбалска репрезентација е вистински лидер на теренот и надвор од него, а како играч со убедливо најголемо искуство во нашиот тим, тврди дека овој македонски тим поседува потенцијал и квалитет да носи уште големи радости за спортската јавност во нашата земја.

Македонија утре за првпат во историјата ќе се претстави на едно Европско првенство, па поради фактот што првите натпревари секогаш се многу важни на вакви големи турнири, повеќе од јасно е дека пресметката со Австрија ќе даде одговори на доста прашања поврзани за нашите амбиции на турнирот.

– Верувајте сега сме подготвени да го дадеме срцето за нови радости, затоа што знаеме што се случува дома, знаеме дека сите погледи во Македонија се насочени кон нас. Јас го прифатив предизвикот на селекторот пред шест години кога дојде во Џенова и ме убеди да се вратам во националниот тим. Тогаш ми порача дека не чекаат успешни денови.

– Ми се чини дека тоа беше клучно на патот до остварувањето на овој сон. Но, секако и јас и соиграчите сме подготвени да го прифатиме и овој нов предизвик. Желбата е да го дадеме максимумот на секој натпревар и да се обидеме да не завршиме со само три меча на шампионатот.

– Имаме негативно искуство со Австријците, но добро ги анализиравме нивните игри во последниот период. Знаеме дека не чека тежок натпревар со една цврста, физички одлично подготвена репрезентација. Но, ние сме подготвени сме за надигрување. Победата против Германија донесе самодоверба плус во нашите редови, овие момци се повеќе се свесни и веруваат во своите квалитети и тоа треба да ни биде дополнителен мотив плус на секој дуел на првенството, – изјави Пандев пред утрешниот меч со Австрија кој се игра во 18:00 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг