Најбогатите на светот објавиле одговор на кинескиот "Појас и пат"

Точка

12/06/2021

20:51

3.901

Големина на фонт

а а а

Лидерите на групата Г7 поддржале нов глобален план за помош за сиромашните земји за да изградат инфраструктура во настојување да одговорат на кинеската иницијатива "Појас и пат", соопштила Белата куќа.

Администрацијата на претседателот на САД, Џозеф Бајден, соопштила дека лидерите на групата G7 кои се состанале во Корнвол го одобриле започнувањето на планот "да изградиме подобар свет" (B3W), кој ќе помогне да се намали недостигот на инфраструктура во земјите во развој од 40.000 милијарди долари, пренесува "Reuters".

"Денеска претседателот Бајден се состана со лидерите на Г7 за да разговараат за стратешкото натпреварување со Кина и се посветиле на конкретни акции за да се задоволат огромните потреби за инфраструктурата во земјите со средни и ниски приходи", навела Белата куќа.


Г7 и останатите партнери со слични ставови ќе го координираат собирањето на капитал од приватниот сектор за да се инвестира во борбата против климатските промени, здравството, дигиталната технологија и родовата рамноправност, што ќе го поддржат и финансиските институции.

"Планот B3W" ќе има глобален дострел, од Латинска Америка и Карибите до Африка и Индо-Пацификот", навела Белата куќа.


Пред усвојувањето на планот, неименуван службеник за "Reuters" изјавил дека САД денеска, на вториот ден од самитот во Корнвол, на југозападот на Англија, ќе ги "протурка" останатите лидери од Г7 на конкретна акција за притисок над Кина и дека во своето официјално соопштение вклучува критики на сметка на Пекинг.

Во врска со новиот инфраструктурен програм, службеникот нагласил дека тука не станува збор само за спротивставување на Кина, туку дека е потребна позитивна алтернатива која досега не е понудена, а која ги одржува западните вредности, стандарди и начин на работење, пренесува "Tanjug".




Спонзорирани линкови

Маркетинг