Кога природата ќе ги измеша боите, уметниците остануваат без зборови: Соленото езеро во Кина е најубавата сликарска палета на светот

Точка

12/06/2021

15:03

6.559

Големина на фонт

а а а

Природата понекогаш создава уметност, а кинеското солено езеро Јунченг тоа го потврдува.

Јунченг е познато како „Кинеско мртво море“ и може да се пофали со преубавите бои кои потсетуваат на сликарска палета.

Ксиан Зендџан, научник од Универзитетот Јунченг веќе повеќе години го проучува и истражува соленото езеро.


Тој објаснил дека зад калеидоскопот боите можат да бидат создадени по пат на физички, хемиски и биолошки фактор.

„Овој феномен има врска со самата солена вода и временските услови. Неколку фактори влијаат на водата: количината на сол во водата, длабочината, географската ширина и проѕирноста на водата.


Физичките, хемиските и биолошките фактори можат да влијаат на различните бои на езерото. Исто така под дејство на временските фактори, односно заедничкото делување на сончевата светлина и ветрот може да се влијае на неговата боја“, објаснил тој.


Туристот Лианг осми пат по ред го посетува ова езеро, а еве што вели тој:

„Ова е осми пат како доаѓам тука. За соленото езеро дознав гледајќи документарец. Жителите рекоа дека во текот на летото може да се види обоен солен рибник, па дојдов да ја искористам таа шанса и да си ја пробам среќата. Можеби гледам во обоена солена бара“, изјавил тој.


Инаку, соленото езеро Јунгченг се користи и за произведување на сол.





Спонзорирани линкови

Маркетинг