Доколку сте одлучиле да преминете на режим на исхрана кој се базира на намирници од растително потекло, за подолго време да бидете сити, да имате повеќе енергија и да внесувате протеини, ви препорачуваме да јадете грав.
Тоа не се единствените причини поради кои гравот треба да се најде на вашето мени.
Гравот е богат со растителни влакна кои го намалуваат нивото на холестерол и ја забрзуваат работата на системот за варење. Во комбинација со здравата исхрана и вежбањето, тоа може да биде исклучително корисно, па доколку сакате да ослабнете, јадете грав барем неколку пати неделно.
Оваа намирница релативно бавно се вари, што значи дека подолго време ќе се чувствувате сити, па нема набрзо по оброкот да посакате нешто да грицкате. Со самото тоа нема да внесувате непотребни калории, па со текот на времето ќе забележите дека сте изгубиле и до неколку килограми.
Гравот има исклучителна нутритивна вредност, а содржи и малку калории – во една шолја грав има од 200 до 250 калории.
Тој исто така е добар извор на протеини, а станува збор и за добар извор на квалитетни белковини, содржи малку калории и маснотии, што значи дека е одличен за вашето здравје.
Доколку не јадете месо или се обидувате да го избегнете, гравот е одлична намирница која може да го направи тоа поради тоа што содржи протеини и останати хранливи материи кои ќе ви дадат доволна количина на енергија. Тој е одличен избор и за вегетаријанците, но и за љубителите на месо кои имаат проблем со надуеност.
Доколку боледувате од дијабетес или хипогликемија, секако дека треба да јадете што повеќе „супернамирници“, но гравот е одличен избор.