На црвениот тепих е друга личност: Прогласена е за најубава жена на светот, а сега била „уловена“ без грам шминка на своето лице, па привлекла големо внимание

Точка

12/06/2021

11:38

7.034

Големина на фонт

а а а

Според истражувањата на естетскиот хирург Џулијан де Силва, познатата манекенка Бела Хадид е најубавата жена на светот.

Популарниот хирург составил своја листа од 10 најубави жени на светот користејќи ја теоријата на т.н. златен пресек.


Овој концепт има корени од древна Грција и се нарекува и „божествен“ поради тоа што тоа се пропорциите кои се најблиски до совршенството.

Го користеле многу од уметниците низ вековите, а особено во ренесансата за создавање на совршени уметнички дела.


Бела била најблиску до совршенство со резултат од 94,3 отсто.

Сепак многумина се сомневаат дека станува збор за природната убавина и тврдат дека Бeла имала над 5 естетски корекции, иако таа признала дека го коригирала само својот нос.


Во прилог на тоа, Бела била фотографирана на улиците во Њујорк и тоа двапати во текот на неколку дена – без грам шминка на себе.

Штом убавата манекенка се појавила на улица предизвикала големо внимание кај минувачите, како поради модната комбинација која ја носела, така и поради природниот изглед без грам шминка на своето лице.



Што мислите вие?



Спонзорирани линкови

Маркетинг