„Дали треба да изгледате како да ви е забавно?“: Кралицата Елизабета ја опуштила атмосферата на Г7 со духовитото прашање до Џонсон

Точка

12/06/2021

10:20

3.871

Големина на фонт

а а а

Самитите како Г7 кој овие денови се одржува во Корнвол, можат да бидат сериозни и нималку духовити настани. Меѓутоа, британската кралица на многу својствен начин успеала да ја опушти атмосферата.

Лидерите на 7-те најбогати земји се состанаа во Британија за да ги разгледаат важните прашања кои се од светско значење. Бидејќи ваквите самити знаат да бидат многу напорни и сериозни, британската кралица Елизабета покажала зошто толку ја сакаат со духовитото прашање кое му го поставила на премиерот Борис Џонсон во текот на официјалното фотографирање.

Учесниците на самитот се наместиле за заедничка фотографија, а кралицата со сериозен глас го прашала Џонсон:

„Дали треба да изгледате како да ви е забавно?“, што предизвикало смеа кај присутните.

Закрепнувањето од пандемијата е на врвот на дневниот ред на Самитот Г7 кој до недела се одржува во летувалиштето Карбис Беј во југозападна Англија.

Британскиот премиер ги угостил лидерите на САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада. Како гости присуствуваат и челниците на Европската унија и лидерите на Јужна Кореја, Јужна Африка, Австралија и Индија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг