Ги закопале воените секири? Кејт Мидлтон ги разгали фановите со изјавата за ќерката на Меган и Хари

Точка

11/06/2021

21:30

4.874

Големина на фонт

а а а

Британската војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во петокот изјавила дека едвај чека да ја запознае новата внука Лилибет, ќерката на принцот Хари и неговата сопруга, Меган Маркл.

„Ѝ посакувам сè најдобро, едвај чекам да ја запознаам. Се надевам тоа ќе биде многу скоро“, им рекла Кејт на новинарите при посетата на училиштето во друштво на првата американска дама, Џил Бајден, на маргините на самитот на Г7.

Лилибет Лили Дајана Маутбатен-Виндзор, наречена по бабата на принцот Хари, Елизабета втора и неговата покојна мајка, принцезата Дајана, родена е пред една недела во болницата „Santa Barbara Cottage“ во Калифорнија.


Девојчето се роди една и пол година откако Хари и Меган објавија дека се повлекуваат од кралските должности, со што предизвикаа голема криза во кралското семејство.

Односите на членовите од кралското семејство дополнително се влошиле во март, кога еден од нив, иако неименуван, е обвинет за расистичка забелешка против синот на принцот Хари, малиот Арчи.

Проблеми се појавиле откако Меган Маркл во интервју со Опра Винфри призна дека членовите на кралското семејство целосно ги игнорирале нејзините молби за помош во однос на суицидните мисли, кои за време на живеењето во Велика Британија често ѝ се појавувале.




Спонзорирани линкови

Маркетинг