Истоварил 80.000 монети во дворот на поранешната сопруга: „Ова ти е последната рата од алиментацијата“

Точка

11/06/2021

21:12

7.295

Големина на фонт

а а а

Татко на тинејџерка од Вирџинија, последната рата од алиментацијата ја платил истоварајќи 80.000 монети на тревникот на неговата отуѓена ќерка.

Мајката и нејзината ќерка ги собрале монетите и одлучиле тие 800 долари да ги донираат, пренесува „Fox News“.

Евери Санфорд (18) со таткото не разговарала неколку години, а вели дека не е заинтересирана за тоа, бидејќи не сака да има работа со некој кој така се однесува кон нејзината мајка.

Кога ги истоварал монетите, мајката на тинејџерката го прашала што прави, а тој рекол дека ја исплаќа последната рата од алиментацијата.

„Не се обидува да ја посрамоти само мајка ми, туку и мене и сестра ми. Ме боли што не размислил пред да го направи ова“, рекла Евери.

Таткото рекол дека го понеле емоциите и дека веќе му е жал за таа одлука.

Мајката и ќерката одлучиле негативното искуство да го претворат во позитивно, така што парите кои ги добиле ги донирале, за што добиле бројни пофалби на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг