Вистински спектакл: Вака изгледаше затемнувањето на Сонцето

Точка

11/06/2021

16:45

5.332

Големина на фонт

а а а

Жителите на североисточниот дел на САД и делови од Европа и Азија, утрово имаа можност да уживаат во погледот на небото, на кое се појави 'огнениот прстен' на затемнувањето на Сонцето.

Небесното светлосно шоу - затемнувањето на Сонцето, започнало во канадската провинција Онтарио, се преселило во Гренланд, потоа на Северниот пол и на крајот во Сибир.

Овој астролошки феномен се јавува кога младата месечина е на најоддалечената точка од Земјата и ја покрива сончевата светлина - целосно или делумно.

Во некои делови од светот се гледал целиот 'огнен прстен', додека во САД само делумно се видело затемнувањето.

Инаку, затемнувањето на Сонцето е прво од ваков вид во САД, откако во 2017-та година се случило целосно затемнување.

Погледнете како изгледало затемнувањето на Сонцето во светот:

Торонто, Канада


Делавер, САД


Саут Шилдс, Англија


Нантонг, Кина


Единбург, Шкотска




Спонзорирани линкови

Маркетинг