Снимката предизвикала низа позитивни реакции и насмеала многумина.
На социјалните мрежи се шири снимка од невеста од Хрватска, која насмеала многумина.
Имено, како што се гледа на снимката, невестата во венчаница влегува во продавница, додека со неа одела и нејзина пријатела, која најверојатно и ја направила снимката.
Иако не се слуша убаво што барала невестата на каса, во описот на видеото стои дека станува збор за цигари.
"Чувството кога се мажиш и одиш кон салата, а нема цигари", пишува во описот на снимката.
Видеото било објавено е Фејсбук страницата "Imocki Crnjaci", а невестата наводно е од Имотското подрачје.
Необичната сцена во продавницата насмеала многумина, а луѓето во коментарите пишувале дека се воодушевени, додека други истакнале дека ова може да им се случи и на нив.