Евроамбасадорот Гир: Нема место за дивоградби крај Охридското Езеро

Точка

10/06/2021

17:21

1.788

Големина на фонт

а а а

Охридскиот регион е многу блиску да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, по последните два катастрофални извештаи на УНЕСКО за урбанистичкиот хаос во регионот.

Аларм за урбанистичкиот хаос со дивоградбите на Охридското езеро вклучи и Европската унија.

Евроамбасадорот Дејвид Гир, на Твитер порача дека, уникатното богатство што го поседува Охридскиот регион, мора да биде заштитеnо.

Потенцира и дека, токму отстранувањето на дивоградбите значи владеење на правото.

„Нелегални градби не смее да има на охридското крајбрежје и треба да бидат отстранети. Уникатното природно и културно богатство, признаено од УНЕСКО, мора да биде зачувано. Со заштита на наследството на Охрид, ние исто така инвестираме во туристичката индустрија денес и во иднина“, пишува Дејвид Гир на Твитер.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, се заблагодари за поддршката од ЕУ во борбата со справувањето со дивоградбите и исполнувањето на препораките на УНЕСКО.

„Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето“, напиша Георгиески на Фејсбук.




Спонзорирани линкови

Маркетинг