Елиф Елмас се очекува да биде еден од лидерите на македонската фудбалска репрензентација и светските медиуми посебно го „скенираат“ македонскиот фудбалски дијамант, но ако се суди според видеото од Букурешт кое брзо се рашири на социјалните мрежи, тој е еден од најзаслужните за добрата атмосфера во тимот.
Македонската селекција функционира како едно големо семејство под водство на Игор Ангеловски кој смета дека хемијата е најдобар предуслов за голем успех, а во ситуација кога има многу позитивни лица кои се подготвени за шеги во репрезентацијата, до израз дојде и начинот на кој Елмас ги забавува соиграчите.
Ѕвездата на Наполи се шета во хотелот со гигантски звучник и добива помош од Дарко Чурлинов, а објавеното видео преку социјалните мрежи експресно стана хит и ни долови дел од атмосферата во внатрешноста во таканаречениот „карантин“.
Македонските фудбалери смеат да го напуштат хотелот само за тренинзи и натпревари, па Елмас со голем звучник и со хит на легендарниот Гоце Арнаудов го држи расположението на завидно ниво…
?Звучникот на Елмас и другарите!? #EURO2020 #MKD pic.twitter.com/u6zfj4p21q
— Team Macedonia (@PrvaLigaMK) June 10, 2021